Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени, попладне краткотраен дожд
Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде умерено облачно, наместа ќе има услови …
Continue Reading
Една година по трагедијата Кочани жали за загинатите 63 жртви, меѓу кои и деца
По повод годишнината од трагичниот пожар денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија …
Continue Reading
Сијарто: Унгарија нема да купува поскапа нафта по наредба на Украина
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денес изјави дека неговата земја нема да купува поскапа нафта по наредба на Украина, дека ќе ги брани пониските цени на енергијата и ќе го зачува суверенитетот, и покрај притисокот од претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Литванскиот министер за надворешни работи Будрис Кестутис денес изјави дека се срами што живее во земја …
Continue Reading
Француски професор: Ако Европа не се зајакне, ќе стане овца во свет на волци
Давид Џаиз, професор на Сајанс По во Париз, вели дека израелската визија за конфликтот во Иран се рефлектира во моментот кога Бенјамин Нетанјаху ја цитирал изреката – „кога некој ќе дојде да те убие, стани и убиј прв“. Сето ова за да се оправда војната, додава тој. Тој истакнува дека Иран е параноичен режим под притисок и дека тоа значи …
Continue Reading
Хегсет: Трамп ги држи сите карти во свои раце, денес е планиран најголем напад врз Техеран
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека претседателот на Соединетите Американски Држави целосно управува со координацијата на нападот врз Иран, како и дека времетраењето на конфликтот зависи од него, нагласувајќи дека главната цел на операцијата е трајно да се спречи Техеран да развива нуклеарно оружје. „Како што реков од самиот почеток, претседателот Доналд Трамп ги држи сите карти во …
Continue Reading
САД понуди награда до 10 милиони долари за информации за Хамнеи, и други високи ирански функционери
Американскиот Стејт департмент денес понуди награда до 10 милиони американски долари за информации за новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, и други високи ирански функционери поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Во објавата за програмата „Награди за правда“, која ја води Дипломатската безбедносна служба на Стејт департментот, Моџтаба Хамнеи, заменик-началникот на кабинетот на неговиот покоен татко …
Continue Reading
Ердоган: Турција нема да биде вовлечена во војна со Иран по инцидентот со ракетата
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција нема да биде вовлечена во војната меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави, но дека е подготвена да одговори на сите закани по пресретнувањето на третата иранска балистичка ракета лансирана кон Турција. „Во текот на овој процес, ги преземаме сите превентивни мерки против какви било закани за нашиот воздушен простор, исто …
Continue Reading
(Видео) Иран го нападна Израел со балистички ракети; САД: Ги бараме овие луѓе, нудиме милиони
Повеќе од дваесет моќни експлозии го потресоа централниот дел на Израел во напад извршен од Иран. Според првите достапни информации, според светските агенции, биле употребени балистички ракети со касетни боеви глави. More than 20 explosions were heard in central Israel: it was an attack by Iran using ballistic missiles with cluster warheads. pic.twitter.com/1xP0xVJCeD — NEXTA (@nexta_tv) March 13, 2026 САД …
Continue Reading
Трамп: Иранците во САД под надзор поради страв од тероризам, можност за „скриени ќелии“
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека иранските граѓани кои влегле во Соединетите Американски Држави во последните години сега се под надзор и предупреди на потребата внимателно да се третираат можните „скриени ќелии“ и заканите со беспилотни летала, коментирајќи ги најновите напади во земјата, истакнувајќи го проблемот со миграцијата за време на администрацијата на Џо Бајден. Зборувајќи …
Continue Reading