Кац: Израел воспоставува тампон зона во јужен Либан
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Израел ќе воспостави тампон зона во јужен Либан и ќе ја задржи контролата врз целата област до реката Литани кога ќе заврши конфликтот со членовите на милитантната група Хезболах. „На крајот од операцијата, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ја контролираат областа до реката Литани, вклучувајќи ги и преостанатите мостови на реката …
Continue Reading
Божиновска на Денот на македонските инженери: Инженерството e темел на државата
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на државата, со посебен акцент на младите и жените …
Continue Reading
Измама во Неготино: Му зел 4.000 евра за да докаже дека еврото е валидна валута во земјава и не му ги вратил
Велешанец зел 4.000 евра од 76-годишен неготинец за да му ги покаже на друго лице и да докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Полицијата поднесе кривична пријава против А.С.(67) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.02.2026 во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на …
Continue Reading
Пезешкијан: Одлуката за завршување на војната ќе биде донесена исклучиво според условите на Иран
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека секоја одлука за прекин на агресијата што му ја наметнаа на Иран, Соединетите Американски Држави и Израел, ќе биде донесена исклучиво врз основа на условите и националните интереси на Иран. На денешната седница на иранското државно раководство, предводена од Пезешкијан, беше разгледана моменталната состојба во земјата во воени услови и работењето на властите …
Continue Reading
Двајца насилници нападнале вработена во Центарот за социјална работа во Тетово
Двајца насилници нападнале вработена во Центарот за социјална работа во Тетово. Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ На 23.02.2026 во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија …
Continue Reading
Кривична за секретарка во училиште во Куманово, сакала да прикрие 3 дена неоправдано отсуство од работа
Полицијата поднесе кривична пријава за секретарка во училиште во Куманово која сакала да прикрие три дена неоправдано отсуство од работа. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. „Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа …
Continue Reading
Сали на Самитот на верски заедници на Балканот: присуството на учесниците од различни земји претставува доказ за заедничка волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на верските лидери од земјите на Балканот, кој се одржа во Скопје. Самитот беше организиран по покана на Реис-ул-улемата, Шаќир еф. Фетаху, при што беа собрани претставници на верските заедници од различни земји од регионот. Во своето обраќање, Сали истакна дека присуството на учесниците од …
Continue Reading
(Фото) Сиљановска – Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека Милатовиќ
На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и меѓународните настани и состојби. „Сиљановска-Давкова и Милатовиќ споделија видувања за …
Continue Reading
Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“
ВМРО-ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“, обвинија од Левица. „ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање …
Continue Reading