(Видео) Огњеновиќ до Мицкоски: Нема да бидеме децениски заложници на твојот режим

Нема да бидеме децениски заложници на твојот режим, му порача Петар Огњеновиќ од СДСМ, на премиерот Христијан Мицкоски. „Сите млади луѓе во Македонија го слушнаа предавникот Мицкоски. Подготвен бил да чека децении за влез во Европската Унија. Децении да стоиме во место, во изолација. Децении загубени генереции, повеќе млади со билет во еден правец. Децении за празни градови и празна иднина. Децении …

Continue Reading

Алиу: Проширени капацитетите на одделот за психофизиологија на Детска клиника во Мајчин дом

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. „Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен …

Continue Reading

Александар Поповски со мариборскиот „Амадауес“ на СНГ гостува во МНТ, ретка прилика за скопјани

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Филипче со 3,6 проценти рејтинг од граѓаните се уште ги слуша Башановиќ и Заев

Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша лошите совети на Башановиќ и на Заев. Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДС на раб на статистичка грешка, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче функционира само по директива на …

Continue Reading

Министрите за одбрана на Франција и Италија загрижени за влошената безбедносна состојба во Либан

Министрите за одбрана на Италија и Франција, Гвидо Кросето и Катрин Вотран, денес изразија длабока загриженост за влошувањето на безбедносната состојба во Либан. Во заедничка изјава, Кросето и Катрин Вотран посебно посочија на неодамнешните напади во Либан врз членовите на мировната мисија на Обединетите нации. Ваквите инциденти и зголемената опасност со која се соочуваат членовите на мисијата на ОН се …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот ‘Партизански одреди’, на потегот од мостот ‘Обединети нации’ до пешачкиот мост ‘Влае’, во површина од 1.200 метри квадратни. …

Continue Reading

Почина легендарниот бугарски голман, херој на СП во 1994

Борислав Михајлов, легендарниот голман и долгогодишен претседател на Бугарската фудбалска асоцијација, почина на 63-годишна возраст. Михајлов беше во индуцирана кома од крајот на минатата година откако доживеа мозочен удар. И покрај напорите на лекарите и поддршката од семејството, тој не можеше да се опорави. Ќе биде запаметен како една од клучните фигури во најголемиот успех на бугарскиот фудбал, четвртото место …

Continue Reading

Потпишан колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, етапно зголемување на платите

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес го потпиша Колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, соопштија од Министерството. Со Колективниот договор се предвидува зголемувањето на платите на административните службеници да се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година. Со договорот дополнително се уредуваат правата, обврските …

Continue Reading

Лавров: Борбата за водечки позиции во новиот свет е борба на живот и смрт

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека борбата за водечки позиции во новиот свет е борба на живот и смрт. „Борбата за лидерство во новиот свет е исклучително сериозна – борба на живот и смрт. Тоа го гледаме речиси секој ден“, рече Лавров на Генералното собрание на Рускиот совет за меѓународни работи, пренесува Спутник. Некои земји …

Continue Reading