ГН на Бахреин ќе се вози во Малезија

Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè …

Continue Reading

Жестока битка меѓу Реал и ПСЖ за потписот на Диоманде

Реал Мадрид направи клучен чекор во трката за еден од најбараните млади таленти во Европа, Јан Диоманде, постигнувајќи усмен договор за личните услови со крилниот напаѓач на РБ Лајпциг. Со тоа, „Кралскиот клуб“ се изедначи со Пари Сен Жермен, кој доби „зелено светло“ од играчот уште во јуни. Минатиот месец, Парижаните се согласија на петгодишен договор со Диоманде до 2031 …

Continue Reading

Ристовски ќе го напушти Сараево

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски (34), наскоро треба да го напушти ФК Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина. Според нивните пишувања, Ристовски наскоро треба да го раскине договорот со клубот од Кошево, по што ќе биде слободен да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови. Медиумите од Босна …

Continue Reading

Партизан се договорил со Лука Вилдоза

Аргентинскиот кошаркар, Лука Вилдоза, наскоро ќе стане играч на Партизан. Според добро информираните новинари Чема де Лукас и Арис Баркас, Партизан ги договорил сите детали околу трансферот. Со тоа, Аргентинецот ќе стане првиот кошаркар што некогаш играл за лутите ривали од Белград и Атина, бидејќи играл за Панатинаикос и Олимпијакос, како и за Црвена Звезда, а сега доаѓа во Партизан. …

Continue Reading

Меси и оваа година ќе го прескокне Ол-стар мечот, но без казна

Лионел Меси нема да настапи на претстојниот Ол-стар натпревар на МЛС лигата, откако со Аргентина играше финале на Светското првенство, соопшти американската лига. Минатата година Меси беше казнет бидејќи самоволно го прескокна мечот кој ги собира најдобрите играчи од МЛС против избран состав од мексиканската Лига MX. Учеството на Ол-стар натпреварот вообичаено е задолжително, освен во случај на повреда, но …

Continue Reading

Ханси Флик го одбил трансферот на Лапорт

Ајмерик Лапорт ги понуди своите услуги на Барселона за време на Светското првенство, но каталонскиот клуб не е заинтересиран за неговото доаѓање. Како што објавува „Мундо Депортиво“, искусниот стопер сакал да се пресели во клубот со кој претходно беше поврзуван, особено по одличните игри во дресот на шпанската репрезентација. Лапорт, заедно со Пау Кубарси, го формираа одбранбениот ѕид на светските …

Continue Reading

(Видео) Опсада врз куќата на Скалони, активирана и полицијата

Домот на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, е под зголемено полициско обезбедување поради глемиот број навивачи кои сакаат да го видат и да го поддржат по поразот во финалето на Светското првенство. Полицијата постави ограда околу имотот, додека полицајците се на должност во текот на целиот ден за да ја држат ситуацијата под контрола. Иако Аргентина загуби од Шпанија во …

Continue Reading

Бордо се соочува со најголема закана: Огнот се приближува, се подготвува план за евакуација

Пожарот во француската покраина Жиронд продолжува да се шири кон Бордо, а локалните власти разгледуваат повеќе можни сценарија, меѓу кои и целосна евакуација на градот доколку ситуацијата дополнително се влоши. Портпарол на градската управа изјави дека во моментов се анализираат сите можни насоки во кои би можел да се развива пожарот. Меѓу нив е и евентуално целосно евакуирање на Бордо. …

Continue Reading

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, скопските пожарникари на терен

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, каде во моментов интервенираат екипи на скопската Противпожарна бригада. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарникарите се на терен и работат на локализирање и ставање под контрола на огнената стихија. Од местото се забележува густ чад кој се издигнува над пределот на парк-шумата, а екипите се обидуваат да го спречат понатамошното ширење …

Continue Reading