Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице
Синоќа во селото Марвинци, валандовско, полицијата го приведе К.А.(34) од село Марвинци. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, шприц и мало шише исполнети со течност. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против К.А. ќе биде …
Continue Reading
Гаши во Мароко: Заеднички, прекугранични решенија за справување со предизвиците на Медитеранот
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се обрати на Парламентарно-економскиот форум на Медитеранот, кој се одржува во Маракеш, Кралството Мароко. Форумот претставува важна платформа за унапредување на соработката меѓу медитеранските земји во области како што се економијата, демократијата и одржливиот развој. Во своето обраќање, Гаши истакна дека Северна Македонија, иако мала по територија, има големи амбиции и јасна визија за …
Continue Reading
Вршителите на енергетски дејности од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата
Еден месец имаат рок носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа да поднесат Барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи. Рокот почнува …
Continue Reading
На 26 мај, Годишен концерт на детските групи на Ансамбл „Бојмија“
На 26 мај 2025 година, во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на традиционалната музика и фолклорот ќе имаат можност да уживаат во уште еден значаен културен настан- Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Овој пат, сцената на Народниот театар- Гевгелија ќе им припадне на најмладите членови на Ансамблот, детските групи до 15-годишна возраст, …
Continue Reading
Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД
Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на високи претставници од ЕУ, НАТО и САД. Темата за билатералната средба со Бугарија била отворена уште за време на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Доколку се случи, покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Радев, би присуствувале и …
Continue Reading
Свечено одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“
Со богата и разновидна културно-уметничка програма под наслов „Ние, јазикот и уметноста“, ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, на 21 мај 2025 година, свечено го одбележа својот Патронен празник. Настанот се одржа во Народниот театар во Гевгелија, каде што меѓу присутните гости имаше многубројни ученици, родители, наставници, како и претставници од локалната власт, вклучувајќи го и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон …
Continue Reading
Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања
Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските евроинтеграции, откри премиерот на заедничката прес-конференција. Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање. „Ние припаѓаме во ЕУ, не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што …
Continue Reading
Тешко повреден мотоциклист од Куманово по судир со возило
Во СВР Куманово синоќа околу 20.30 часот е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница …
Continue Reading
Двајца повредени кога возило излета од патот Градско – Прилеп
Вчера околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на …
Continue Reading