Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања


0a29f808-353e-2b6b-758d-32d802ea7053-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските евроинтеграции, откри премиерот на заедничката прес-конференција. Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање.


„Ние припаѓаме во ЕУ, не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општетство на демократски вредности, владеење на право, човекови права и добрососедство. Ќе се согласиме, не сите земи членки и не секогаш се однесуваат во европскиот дух. Денес во разговорите побарав фер третман, доследност. Европа да покаже лидерство кое ќе донесе нешто вредно за граѓаните во реалност. Да се врати вербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека ЕУ не е затворена, туку за нас е жива визја, заедница на вредности. Денес не само што зборувавме за реформии, туку ги живееме тие реформи. Веруваме во европскиот сон и бараме да биде достапен за сите“, рече Мицкоски.

Тој изрази верување дека иднината е на нашата страна. Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да можеме да сметаме на Европа, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас.

Премиерот ја повтори подготвеноста на земјата да прифати медијација за разговори со Бугарија, како и решителноста да се изнајде решение кое ќе биде достоинствено.

„Уморни сме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања“, изјави премиерот.

Калас порача дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и треба да ги преземе чекорите за почеток на преговорите. Го пофали усогласувањето со надворешната политика на Унијата, а во однос на механизмите со кои би се деблокирал процесот на преговорите, не сакаше да открие детали. Унијата верува дека планот „А“ за македонските евроинтеграции ќе функционира, истакна таа, прашана зошто за Македонија нема план „Б“, а има за Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK