Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер
В среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред. За оваа позиција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи актуелниот претседавач на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славески. Од нејзиниот …
Continue Reading
Америка ќе одржи воена парада за роденденот на Трамп, ќе чини 45 милиони долари
Армијата на САД почна да ги товари тенковите кои следниот месец ќе се појават на улиците на Вашингтон како дел од прославата на 250-годишнината од основањето на американската армија. Станува збор за огромен настан во кој учествуваат стотици воени возила и авиони и илјадници војници, а датумот не е случајно избран – 14 јуни е роденден на претседателот Доналд Трамп. …
Continue Reading
„Марш за ангелите“ – во Кочани утре нов марш на семејствата на настраданите во пожарот
Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани. Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството …
Continue Reading
Семејно насилство во Охрид – скопјанец ја нападнал партнерката, охриѓанец кршел по дома
СВР Охрид информира за два случаи на семејно насилство што се случиле во текот на вчерашниот ден. На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР …
Continue Reading
„Сите за Кочани – трчаме заедно“ – хуманитарна трка утре во Скопје
Утре, недела, со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележувањето на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Свети Пантелејмон и обратно. Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите од Кочани. …
Continue Reading
СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ОХРИД
Како дел од свечената програма за чествување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари. Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. – Поради името …
Continue Reading
Приведен демирхисарец – запалил гранки, па огнот зафатил куќа и плевна
Шеесет и деветгодишник од Слошетица, демирхисарско е приведен поради предизвикување на општа опасност, објави МВР. „Во Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во селото Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела“, се вели во информацијата. Пожарот …
Continue Reading
Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски (носител на соработката) ја завршија исклучително успешната и корисна еднонеделна работна посета на Јапонија што ќе ја продлабочи понатамошната соработка меѓу ЦУК и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), соопшти Центарот за упрвување со кризи. „Стекнатите искуства …
Continue Reading
Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба
Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”. Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се …
Continue Reading