Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба


onkologija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.


Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка .

„Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од Обвинителството.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска претходно на прес-конференција информираа дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Според обвинението, 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK