Белата куќа: Се надеваме на директни преговори меѓу Русија и Украина следната недела

Белта куќа изрази надеж дека Русија и Украина ќе се сретнат следната недела во Истанбул и ќе продолжат со директни преговори со цел да се постигне напредок кон завршување на војната, пренесува агенцијата „Анадолија“. „Колку што јас разбирам, а на тоа и се надеваме, дека Русија и Украина ќе учествуваат во директни разговори и преговори следната недела во Истанбул. Веруваме …

Continue Reading

Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски,  нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата. Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, …

Continue Reading

Драма на најпрометниот аеродром во Лондон: луѓето во паника поради сомнителен пакет

Еден од терминалите на аеродромот Хитроу беше евакуиран поради „соменителен пакет“, оставајќи илјадници патници во неизвесност. Патниците беа евакуирани од Терминалот 3 на најпрометниот британски аеродром по дојава за сомнителен предмет во зградата. Метрополитенската полиција претходно соопшти дека е на терен и дека се справува со ситуацијата. Портпарол на полицијата изјави за „Д Сан“: „Станува збор за сомнителен пакет и …

Continue Reading

Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да запре авионот

Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да се изгаси знакот за сигурносен појас по слетувањето, соопшти турската Агенција за цивилно воздухопловство, а пренесува Би-Би-Си. Агенцијата наведува дека паричните казни се воведени поради поплаките од патници. Новите правила стапија на сила порано овој месец. Агенцијата предупреди дека е забележано сериозно зголемување на ваквите инциденти, при што многу поплаки …

Continue Reading

Хамас го отфрли американскиот мировен план за Газа

Хамас не го прифаќа предлогот на американскиот пратеник, Стив Виткоф, за примирје и размена на заложници и побара одредени промени, велат извори запознаени со деталите. Извор за „Ерусалим пост“ изјави дека Хамас се чувствува измамен од американската администрација, со предлог кој е пристрасен кон Израел и не гарантира крај на војната. Предлогот, исто така, бара сите заложници да бидат вратени …

Continue Reading

Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа

Дарио Амодеи, извршен директор на Антропик, компанијата зад еден од најпопуларните модели на вештачка интелигенција „Клод АИ“, издаде драматично предупредување: вештачката интелигенција би можела да елиминира до половина од сите канцелариски работни места на почетните нивоа во следните една до пет години, да ја поттикне невработеноста во САД на 10-20 проценти и да предизвика темелна трансформација на пазарот на трудот. …

Continue Reading

Не се глупирајте, му порача Арсовска на Изет Меџити

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти и не се глупирајте, му порача градоначалничката Данела Арсовска на вицепремиерот, Изет Меџити, кој претходно денес и’ најави кривична пријава. Меџити ја нарече Арсовска инструмент за остварување на планот на ДУИ за дестабилизација преку општините, на што градоначалничката реагираше преку Фејсбук статус попладнево. „Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата. Изет, единствена …

Continue Reading

Македонец испиша историја во Америка: Дејан Милошевски добитник на највисока Панамериканска судиска лиценца

Дејан Милошевски – Македонец кој живее во САД и е почесен карате амбасадор на Македонија, стана првиот Македонец со добиена највисока континентална судиска лиценца Referee A од Панамериканската федерација. Станува збор за едно од најпрестижните континентални признанија во светот на карате судењето, кое обично се добива по многу години искуство, и преку пет последователни лиценци – судија Ц,Б,А, Рефери Б …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината за Бојан Христовски излезе на виделина, лагите на СДСМ пропаднаа во вода

Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски. Тоа смета дека сертификатот за англиски јазик од Бугарија не е фалсификат. Со ова вистината излезе на виделина и сите лаги на СДС паднаа во вода, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Вистината излезе на виделина со тоа што е констатирано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и …

Continue Reading