(Видео) СДСМ со апел до Силјановска: Да не се потпишуваат законите за полиција

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на прес-конференција упати јавен апел до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише указите за новите Закони за полиција и за внатрешни работи. Чупеска посочи дека измените предвидуваат партизација на полицијата, со што, според СДСМ, се укинуваат професионалните стандарди и се зголемуваат дискреционите овластувања на министерот за внатрешни работи. Таа предупреди и …

Continue Reading

Криумчар удри во патарини, возила и нападна полицаец – приведени две лица по полициска потера кај Градско

Двајца државјани на Косово се приведени синоќа по драматична полициска потера на автопатот Градско – Скопје, откако се обиделе да пренесат осум мигранти од Народна Република Кина во возило со косовски регистарски ознаки. Инцидентот започнал околу 21:40 часот кога возилото „фолксваген кеди“, управувано од 24-годишниот Г.Л., а со сопатник 18-годишниот Б.Л., не застанало на полициски знак за запирање и продолжило …

Continue Reading

ДОМ: Претпразнични и предизборни партиски вработувања во инспекторатот за животна средина

Демократска обнова на Македонија реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025. Од ДОМ овој чекор го оценуваат како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Појаснуваат …

Continue Reading

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач кој имал слепило а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент …

Continue Reading

Гвардиола на засилувања потрошил 2,5 милијарди, во Топ 5 се Мурињо, Анчелоти, Симеоне, Алекгри

Специјализираниот портал „Tрансфермаркт“, објави листа на тренери кои потрошиле најмногу пари за нови играчи во текот на нивните кариери. Листата ја предводи Пеп Гвардиола, како тренер на Барселона, Баерн и Манчестер сити. Пеп Гвардиола е убедливо прв, му треба многу малку за да ја достигне бројката од околу две и пол милијарди евра. Засега, од 2008 година до денес, тренирајќи …

Continue Reading

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси Интернешнл-Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро-Матно“ за месец јули 2025 година, во кој се евидентирани повеќе случаи на коруптивни дејствија, злоупотреби на службена положба и сериозни системски слабости во институциите. Во делот „Матни настани“, извештајот се осврна на случајот против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, против која е поднесено обвинение за оддавање …

Continue Reading

(Видео) Трамп: Она што го прави Русија е одвратно

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го изрази своето незадоволство од Русија поради нејзиниот последен смртоносен напад врз Киев. „Русија, мислам дека она што го прави е одвратно. Мислам дека она што го прави Русија е многу тажно. Многу Руси умираат“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Тој повтори дека САД планираат да воведат нови санкции врз Москва, …

Continue Reading

Унгарија: Да преговаравме сами, договорот со Трамп ќе беше подобар

Унгарската влада планира да изготви акциони планови за заштита на работните места и производството во Унгарија по трговскиот договор меѓу САД и Европската унија, изјави денес премиерот Виктор Орбан. Тој во изјава за радио „Кошут“ рече дека унгарскиот извоз во САД вреди приближно 11 милијарди долари годишно и дека е важно компаниите што извезуваат во таа земја да не отпуштаат …

Continue Reading

Трудната сопруга на поранешниот НБА кошаркар ја каснала ајкула

Трудната сопруга на поранешниот НБА играч и италијански репрезентативец Данило Галинари била касната од ајкула во Порторико, објавија шпанските медиуми. Веста за нападот ја потврди и Одделението за природни и еколошки ресурси (DRNA), а комесарот на општинската полиција во Каролина, Рубен Мојењо, изјавил дека жената добила отворена рана на бутината, но дека е во стабилна состојба и не е во …

Continue Reading