Унгарија: Да преговаравме сами, договорот со Трамп ќе беше подобар


Screenshot-2025-08-01-102156.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарската влада планира да изготви акциони планови за заштита на работните места и производството во Унгарија по трговскиот договор меѓу САД и Европската унија, изјави денес премиерот Виктор Орбан.


Тој во изјава за радио „Кошут“ рече дека унгарскиот извоз во САД вреди приближно 11 милијарди долари годишно и дека е важно компаниите што извезуваат во таа земја да не отпуштаат луѓе или да не затвораат производствени погони, објави Ројтерс.

Унгарската влада претходно го критикуваше царинскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, наведувајќи дека е „штетен за европските интереси, вклучително и Унгарија“.

На редовната прес-конференција, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Ѓерѓели Гуљаш, вчера ја критикуваше Европската комисија за тоа што се согласила на ослободување од царински давачки за САД, додека ЕУ прифати царина од 15 проценти за нејзиниот извоз во САД, објави МТИ.

Тој го нарече тој договор „понижување за ЕУ“ и истакна дека, доколку Унгарија преговараше независно, ќе постигнеше подобар договор со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK