Викендов сончево и топло време

Утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а …

Continue Reading

Пукал со пиштол и удрил во полицаец со автомобил, истрага против жител на струшко Велешта

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста – за овие кривични дела Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта. Осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол …

Continue Reading

Викендов посебен сообраќаен режим кон манастирот во Калишта

За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“кој на 20 и 21.09.2025 година се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга, ќе спроведе посебен сообраќаен режим. Утре (20.09.2025) од 18 часот се  до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за  влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан …

Continue Reading

Отворена истрага против 15 лица за пустошење шуми, меѓу нив и вработени во Министерство

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба …

Continue Reading

Ким Џонг-ун на тестирање на борбени беспилотни летала- повикува на развој на вештачка интелигенција

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на тестирањето на борбени беспилотни летала и охрабри истражување за употреба на вештачка интелигенција за воени цели, објави денес државната новинска агенција КЦНА. Експертите проценуваат дека таквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана со испраќање севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната против Украина. …

Continue Reading

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата болница во овој град, полицијата привела 13 лица. Физичката пресметка била меѓу повеќе лица а со цел да ги смири полицијата, службено лице пукало во воздух. На видео што го објави порталот „Маркукуле“ се забележува присуство на неколку полицикси возила …

Continue Reading

(Видео) Никој не може со Ноа Лајлс на 200 метри

Американецот Ноа Лајлс е победник во трката на 200 метри на Светското првенство во Токио. Лајлс стигна до целта со време од 19,52, пред сонародникот Кенет Беднарек (19,58) и Јамајканецот Брајан Левел (19,64). Летли Тебого заврши само една десетинка зад Левел. Американскиот спринтер, кој беше симнат од тронот во трката на 100 метри во Токио, ја продолжи својата неверојатна доминација …

Continue Reading

Средствата се обезбедени, исплатата за 400 пожарникари е во тек, велат од Владата

Владата демантира дека изборниот процес ја блокира исплатата за 400 лица кои беа ангажирани во гаснењето на пожарите. Фактите како што додаваат се едноставни и непобитни, и прецизираат дека ова е првпат во историјата на државата да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се …

Continue Reading

ЕУ планира заем за Украина од замрзнатите руски средства и забрана за руски течен природен гас (ЛНГ) од 2027 година

Европската комисија планира да воведе забрана за увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) од 1 јануари 2027 година, што е една година порано од првично планираното, и би бил дел од 19-тиот пакет санкции против Москва. Во исто време, Комисијата разгледува посебен „заем за репарација“ за Украина, кој би се обезбедил со користење на средствата од замрзнатите руски средства, …

Continue Reading