Средствата се обезбедени, исплатата за 400 пожарникари е во тек, велат од Владата

Владата демантира дека изборниот процес ја блокира исплатата за 400 лица кои беа ангажирани во гаснењето на пожарите. Фактите како што додаваат се едноставни и непобитни, и прецизираат дека ова е првпат во историјата на државата да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се …

Continue Reading

ЕУ планира заем за Украина од замрзнатите руски средства и забрана за руски течен природен гас (ЛНГ) од 2027 година

Европската комисија планира да воведе забрана за увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) од 1 јануари 2027 година, што е една година порано од првично планираното, и би бил дел од 19-тиот пакет санкции против Москва. Во исто време, Комисијата разгледува посебен „заем за репарација“ за Украина, кој би се обезбедил со користење на средствата од замрзнатите руски средства, …

Continue Reading

Алиу најави модерна стоматологија: Никаков компромис кога станува збор за квалитетот на здравствената грижа

Министерот за здравство, Азир Алиу, синоќа се обрати на отворањето на 10 конгрес на Македонското стоматолошко друштво, на тема „Иднината на совршеност во стоматологијата: уметност на науката, знаењето и вештините“. – Јас не сум лекар, јас сум инженер, токму тоа ме научи здравството да го гледам како комплексен систем, со елементи кои мора да функционираат поврзано, со транспарентност, ред и …

Continue Reading

Зеленски за нападот врз Украина: Русија не ги слуша повиците за мир, потребна е порешителна акција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на новиот руски напад со беспилотни летала, нагласувајќи дека, иако целиот свет повикува на мир, Русија не покажува подготвеност да го прифати и дека Украина мора да преземе порешителни акции во врска со купувањето беспилотни летала и оружје. На својот Телеграм канал, Зеленски рече дека Украина синоќа била цел на напад од речиси 90 руски …

Continue Reading

Отворена „Штипска пастрмајлијада“ – градот дише во знакот на традицијата, гастрономијата и музиката

Мирисот на традиционалната пастрмајлија и музичката програма, ќе го одбележат новото издание на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“, што почна денес. Градот и годинава се очекува да биде собирно место за илјадници посетители од целата држава, кои доаѓаат да уживаат во гастрономските специјалитети и во забавната програма. Стартот на новото издание на манифестацијата го означи џиновската пастрмајлија, која оваа година е рекордно …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

15-годишник претепан од маж во Карбинци

Малолентик бил претепан од 73-годишен маж во Штипско, информира полицијата. СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“. На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Continue Reading

Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром

Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Затвореник во Штип фатен со марихуана, хашиш и хероин

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според истрагата, во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Штип, каде што ја издржувал својата затворска казна. Подоцна при претрес во просторијата во која престојувал биле пронајдени …

Continue Reading

Атлетико Мадрид ќе добие нов сопственик?

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид би можел да добие нови сопственици, тврдат шпанските медиуми. „Експансион“, беше првиот што објави дека сопствениците на Атлетико Мадрид се во финални преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“, кој треба да стане нов мнозински акционер на клубот. „Аполо“ ја проценува вредноста на клубот на 2,5 милијарди евра. Моменталниот мнозински акционер на клубот е …

Continue Reading