Косовски државјанин „летал“ со 203 километри на час кај Смоквица
Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. Според информациите на МВР, вчера вечер, на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). „При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко …
Continue Reading
Вивалдијада 2026 – фестивал за млади музички таленти во Националната опера и балет
Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20:00 часот, во организација на уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“. „ВИВАЛДИЈАДА“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши
Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко …
Continue Reading
Мерц: Не очекуваме Кина да ѝ го сврти грбот на Русија
Германија внимателно ја следи посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина, но во Берлин не очекуваат дека тоа ќе донесе фундаментална промена во односите меѓу Москва и Пекинг, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. На заедничката прес-конференција со швајцарскиот претседател Ги Пармелин во Берлин, тој рече дека германските власти го анализираат не само престојот на Путин во Пекинг, туку и …
Continue Reading
ВМРО слави туѓи победи, слават Ден на Европа, а се против ЕУ, велат од СДСМ
Според СДСМ, ВМРО-OКГ, како што велат, продолжува со своето тотално лицемерие. „Слават Ден на Европа, а се против ЕУ. Прават антиевропска кампања, а слават Ден на Европа. Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија. Слават НАТО, а беа против Преспанскиот договор и влезот во НАТО. Правеа се да не влеземе во Алијансата, а сега велат …
Continue Reading
,,Денови на Крали Марко“
Со прекрасна атмосфера, исполнет Амфитеатар во Варош и концерт на легендарната група „Мизар – Седмо откровение“, викендов успешно ја заокруживме традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“, во организација на Општина Прилеп. Во изминатите денови, преку повеќе културни, едукативни и уметнички содржини, заедно ја одбележавме легендата за Крал Марко, симболот на Прилеп и на македонската историја. … The post ,,Денови на …
Continue Reading
Центар за дневен престој за деца со попреченост „Ајнштајн“ отворен во Црниче
Во населбата Црниче, Општина Кисела Вода, започна со работа новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“. Овој центар нуди нова, современа и специјализирана социјална услуга, наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни и интелектуални тешкотии, специфични тешкотии во учењето и говорно-јазични потешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, преку логопедски и дефектолошки третмани. Услугата е целосно бесплатна, а ќе ја …
Continue Reading
„Квадрил 2026“ во Гевгелија: матурска радост на плоштадот
На Градскиот плоштад во Гевгелија, матурантите од СОУ „Јосиф Јосифовски“ приредија вистински празник на младоста, радоста и емоциите со изведбата на традиционалниот матурски танц- „Квадрил 2026“. Во ритамот на музиката, пред голем број граѓани, родители и наставници, матурантите го претворија плоштадот во сцена на младешка енергија и заедничка надеж. Присутните со гордост и емоции се радуваа на моментот кога тие …
Continue Reading
Нов тежок удар за Бред: Захара Џоли го отфрли презимето Пит
Покрај Захара, Анџелина Џоли и Бред Пит имаат уште пет деца, близнаците Вивиен и Нокс, ќерката Шајло, како и синовите Пакс и Медокс. Ќерката на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли, ги заврши студиите по психологија на престижниот колеџ Спелман во Атланта, а вниманието на јавноста го привлече моментот кога беше претставена без презимето на нејзиниот татко …
Continue Reading