Серхио Рамос го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра
Серхио Рамос постигна принципиелен договор со група клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб Севилја. Негов партнер во овој потфат е Мартин Инк од групацијата „Фајв Илевен Капитал“, објави Маноло Агилар. Со овој договор започнува период на ексклузивност во кој Рамос и неговиот тим ќе ја анализираат финансиската состојба на клубот пред да се обидат да склучат конечен договор, пишува …
Continue Reading
(Видео) Пет лица се водат како исчезнати по пожар во фабрика за храна во Грција
Пет лица се водат како исчезнати откако избувна пожар во фабрика за храна во близина на градот Трикала во централна Грција, изјави за Ројтерс функционер на противпожарната служба. Службеникот рече дека 13 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум успеале да избегаат. Службеникот рече дека причината за пожарот, кој избувнал во раните утрински часови, сè уште не е …
Continue Reading
Привремената претседателка на Венецуела: Доста е со наредби од Вашингтон
Привремената венецуелска претседателка, Делси Родригез, изјави дека е „презаситена“ од наредбите од Вашингтон додека работи на обединување на земјата откако САД го уапсија поранешниот лидер Николас Мадуро. Родригез е во деликатна позиција откако САД ја поддржаа привремено да ја води земјата, балансирајќи помеѓу задржувањето на поддршката од поддржувачите на Мадуро и исполнувањето на очекувањата на Белата куќа, пишува CNN. Речиси …
Continue Reading
Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите
Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново …
Continue Reading
Кинотеката ја објави програмата за февруари: тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање
Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин, велат …
Continue Reading
Утрово најстудено на Попова Шапка, денеска температурата до 13 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 0 степени, 2 Лазарополе, Маврови Анови, 3 Тетово, Kрушево, 4 Прилеп, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Велес, Кавардарци, 7 Скопје-Петровец, Битола, 8 Берово, Крива Паланка, 9 Струмица, Виница, 10 Гевгелија, 11 Штип, Демир Капија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа(во л/м2) 7 Попова Шапка, 5 Демир Капија, Гевгелија, 4 …
Continue Reading
Најбогатата тенисерка во историјата ја елиминира шампионката на Австралија Опен
Актуелната шампионка на Австралија Опен, Медисон Кис, го заврши својот настап на првиот гренд слем во сезоната. Во осминафиналето, Кис, деветта на ВТА листата, беше поразена од сонародничката Џесика Пегула, шеста во светот, со 6:3, 6:4. Кис ја заврши одбраната на својот прв трофеј од Гренд слем по 79 минути. Ова значи дека поради раната елиминација, таа ќе испадне од …
Continue Reading
По убиството на цивил во Минеаполис, Трамп ги обвини демократите дека ги стават мигрантите пред американските граѓани
Агент на Американската имиграциска и царинска служба (ICE) во Минеаполис во саботата го застрела и уби 37-годишниот Алекс Прети, техничар на интензивна нега, две недели откако друг агент на ICE застрела и уби жена, исто така, на протестите против имиграциската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, испрати формално барање до гувернерот на Минесота …
Continue Reading
Македонската композиторка Ана Пандевска на фестивалот „ЕКЛАТ“ во Штутгарт
Македонската композиторка Ана Пандевска ќе учествува на престижниот фестивал за современа музика „ЕКЛАТ“, кој ќе се одржи од 4 до 9 февруари 2026 година во Штутгарт, Германија, со две музички композиции и едно видео во рамки на програмата посветена на современи авторски и уметнички практики. Двете композиции ќе бидат изведени од реномираниот вокален ансамбл Neue Vocalsolisten Stuttgart, додека видеото е …
Continue Reading