Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид известува дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување …

Continue Reading

ЛДП: За самонаречената елита важат законите, брзата правда, за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста

Кога неговата светост, самопрогласен шеф на новата елита, ќе добие закана на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи реагира со брзина на светлината: сторителот од кумановско Черкези е веднаш идентификуван, Јавното обвинителство експресно процесуира, а целата државна апаратура се става во функција на негова заштита. Но, кога претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, и други истакнати јавни личности и граѓани со …

Continue Reading

Ридигер дефинитивно повеќе нема да игра за Германија

Антонио Ридигер, искусниот стопер на Реал Мадрид, на први септември објави дека се повлекува од германската репрезентација. Во објавата на Инстаграм, тој не објасни многу за одлуката, освен што рече дека по 12 години и 86 одиграни натпревари, време е помладите да го наследат. Новиот тренер Јирген Клоп, кој наскоро ќе го објави првиот список, и луѓе од Фудбалскиот сојуз …

Continue Reading

Миротиќ се договори со Валенсија

Никола Миротиќ доби понуда од Будуќност да се врати во родната Подгорица на 36-годишна возраст. Сепак, тој избра да остане во Евролигата. По Реал Мадрид и Барселона, Шпанецот со црногорско потекло ќе игра и за Валенсија. „Здраво, Валенсија! Ми кажаа дека барате четворка, па еве ме“, рече тој откако слета на аеродромот во еден од најубавите градови во Европа. Миротиќ …

Continue Reading

Нутриционисти: Една навика во исхраната може да биде причина за недостаток на енергија по 50-тата година

Попладневниот пад на енергијата по 50-тата година многумина го припишуваат на стареењето, лошиот сон или побавниот метаболизам. Сепак, нивото на енергија може да биде под влијание и на начинот на исхрана, особено ако телото не добива доволно хранливи материи што му се потребни за секојдневно функционирање. Една од причините може да бидат навиките во исхраната што луѓето често ги усвојуваат …

Continue Reading

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија – 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија, во Дојран. Од 14 до 18 септември, на школата учествуваат околу 60 млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја. Летната школа е организирана од Министерството …

Continue Reading

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, оценува Левица

Додека работниците секојдневно се соочуваат со деградирачки услови за работа, ниски плати и системска негрижа за нивната безбедност, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, подготвува нов удар врз нивните права, истакнуваат од Левица. Наместо, акко што велат, да обезбеди здравствена сигурност и навремена исплата на надоместоците, Фондот најавува скратување на боледувањето од матичен лекар и дополнителни контроли врз …

Continue Reading

Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување: заштитата на преселните патишта во фокусот на научната заедница на Глобалниот самит во Најроби

Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените се морските и крајбрежните птици кои зависат од морските живеалишта, шумите и крајбрежните влажни подрачја, стои во најновото издание на извештајот „Состојбата со птиците во светот“, коешто беше претставено на скорешниот Глобален самит за преселните патишта (7-11 септември, Најроби, Кенија). …

Continue Reading

Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, велат од СДСМ

Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко. Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, реагираат од СДСМ. „Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети“. …

Continue Reading