(Видео) Трамп: Американските маринци запленија ирански брод во Ормускиот теснец
Американските маринци пресретнаа и заробија товарен брод под иранско знаме, кој се обидуваше да ја пробие блокадата на САД, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Иран тврди дека САД не го заплениле неговиот брод. Преговори во Пакистан Инцидентот се случи откако Трамп објави дека американска делегација ќе пристигне во Пакистан во понеделник вечерта за понатамошни разговори, иако Техеран не потврди дека …
Continue Reading
Делови од Карпош и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и село СВ. Петка, општина Сопиште; – во периодот од 10.30 до 13.30 часот, корисниците на дел од улица Рузвелтова бр. 11 и 13, општина Карпош.
Continue Reading
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. …
Continue Reading
Македонија ќе биде домаќин на 30-то генерално собрание на ЕУРОСАФ
Едриличарска федерација на Македонија, претставувана од претседателот Стефан Ставрев и генералниот секретар, Славчо Мососки на Редовното годишно собрание на Европската едриличарска федерација одржано овој викенд во Малта е избрана за домаќин на 30-то јубилејно Годишно собрание на „ЕУРОСАФ“, што ќе се одржи во април 2027 година. Ова признание е потврда за посветената работа, растот и потенцијалот на македонското едрење, како …
Continue Reading
Артета: Премиер лигата повторно започна
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по поразот од Манчестер Сити изјави дека шампионската трка се врати на почеток. Со натпревар повеќе од „граѓаните“, тимот од Лондон има три бода повеќе, на пет кола до крајот. Тимот на Пеп Гвардиола ја заврши најважната работа во овој дел од сезоната во недела попладне, го победија својот директен конкурент за титулата и ќе …
Continue Reading
ГРК Охрид се исплаши од победата, Вардар 1961 го освои Купот на Македонија
Вардар 1961 ја освои титулата во Купот на Македонија, откако во драмаѕичното финале, во Струмица го победи ГРК Охрид со 24:23 (13:12). Црвено-црните 18-ти пат го кренаа трофејот наменет за победникот во Купот. Финалниот меч понуди голема борба, пресврт на Вардар 1961 во последните 15 минути и незивесна завршница, во која ракометарите на Охрид имаа 35 секунди, но не успеаја …
Continue Reading
Радев: Победата е прв чекор кон враќање на довербата
Лидерот на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, даде изјава по победата на изборите, заблагодарувајќи им се на гласачите и изнесувајќи ги главните пораки на партијата. „Прво на сите, сакам да им се заблагодарам на секој бугарски граѓанин кој денес ја поддржа Прогресивна Бугарија “, рече Радев. Тој, исто така, изрази благодарност до луѓето кои гласаа „според совеста, без разлика за кого …
Continue Reading
Доделена наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“на Христијан Ристески
Годинашниот лауреат на наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез-музичар за 2025, која традиционално се доделува секоја година во рамките на Џез фактори фестивалот во Битола, е саксофонистот Христијан Ристески, музичар кој живее и работи во Австрија и се издвојува со својот јасен и современ израз. Свеченото врачување на наградата се одржа во НУ Народен театар Битола. „Чест и задоволство …
Continue Reading
Борисов: Изборите одлучуваат кој е прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее
„Благодарам за секој глас за ГЕРБ. Му честитам на првиот“, напиша на Фејсбук лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов по завршувањето на изборниот ден. „Резултатот за нас е јасен и го направивме уште со оставката на кабинетот ‘Желјазков’. Без коалиции и без непринципиелни договори! Да се победи на избори е едно, да се владее е сосема друго. Изборите одлучуваат кој е …
Continue Reading