Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час


759433655_1064036896000230_5776212175869380446_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава.


Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници го уапсија Ж.Д.(29) од Гевгелија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK