СЗО: Епидемијата на ебола во Конго продолжува да се шири, потврдени над 3.600 случаи и речиси 1.600 починати
Епидемијата на ебола предизвикана од сојот Бундибугио (Bundibugyo) во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а заклучно со 30 јули во светот се потврдени 3.626 случаи на зараза и 1.589 смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на СЗО, во Демократска Република Конго се регистрирани 3.605 заразени и 1.587 починати, додека во Уганда се потврдени 20 случаи …
Continue Reading
Србија ги повика граѓаните да штедат струја поради топлотниот бран и рекордно нискиот водостој на Дунав
Владата на Србија ги повика граѓаните рационално да ја користат електричната енергија во услови на силен топлотен бран и рекордно низок водостој на реките, што сериозно го намалува производството на електрична енергија од хидроелектраните. Премиерот Ѓуро Мацут за понеделник најави седница на Штабот за вонредни ситуации, посветена на екстремно високите температури и состојбата со водостојот на реките, особено на Дунав. …
Continue Reading
Унгарија пред критични пет дена: нискиот Дунав ја загрозува работата на нуклеарната централа „Пакс“
Унгарија влегува во пет критични дена поради историски нискиот водостој на Дунав и новиот топлотен бран што ја зафати земјата, предупреди премиерот Петер Маѓар. Поради недостигот на вода за ладење, единствената нуклеарна централа во земјата, „Пакс“, за првпат по повеќе од четири децении се соочува со целосно запирање на работата. Долготрајната суша и високите температури го намалија нивото на голем …
Continue Reading
Шпанија била предупредена за мигрантскиот бран кон Сеута, но не реагирала навреме
Шпанските власти денови однапред биле предупредени за ризикот од масовен прилив на мигранти кон северноафриканската ексклава Сеута, но според повеќе воени и цивилни разузнавачки извори, не презеле навремени мерки за спречување на кризата. Предупредувањата пристигнале и непосредно пред масовното преминување на границата од Мароко, при што десетици илјади луѓе влегле на шпанска територија. Според информациите до кои дошле медиумите, разузнавачките …
Continue Reading
(Видео) Тензии на граничниот премин Евзони поради повеќечасовни чекања, за малку избегната тепачка меѓу возачи
Големи гужви и повеќечасовни чекања на излез од Грција преку граничниот премин Евзони синоќа предизвикаа тензии меѓу возачите, при што дошло до жестока расправија, а според сведоци, за малку била избегната и физичка пресметка. Според информациите објавени од страницата „Пат до Грција“, на преминот синоќа се формирале долги колони од автомобили и автобуси, а дел од патниците излегувале од возилата …
Continue Reading
Два противпожарни хеликоптери се судрија во воздух при гасење пожар во Грција, има загинати
Два противпожарни хеликоптери денеска се судрија во воздух за време на гасење на голем пожар во местото Псата во Грција, јавуваат грчките медиуми. Според првичните неофицијални информации, двете лица од едниот хеликоптер се спасени и пренесени во болница во Атина, а двете лица од вториот хеликоптер загинале. ⚠️ Βίντεο καταγράφει καρέ-καρέ τη στιγμή της σύγκρουσης των δύο πυροσβεστικών ελικοπτέρων κατά …
Continue Reading
(Видео) Најмалку пет загинати и 41 исчезнат во пожар на траект кај индонезискиот остров Мадура
Најмалку пет лица загинаа, а по уште 41 се трага, откако утрово избувна пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за пребарување и спасување. Според официјалните информации, на траектот се наоѓале вкупно 271 лице, вклучувајќи патници и членови на екипажот. Спасувачките служби досега евакуирале 225 лица, додека потрагата по исчезнатите продолжува. 🔴 BREAKING: At least …
Continue Reading
Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, продолжува хиперхлорирањето
Состојбата со водоснабдувањето во Гостивар останува непроменета, а водата и понатаму не се препорачува за пиење, информира раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека Институтот за јавно здравје, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, секојдневно врши испитувања и зема примероци од водата, при што резултатите сè уште покажуваат присуство на бактерии во …
Continue Reading
Ангелов: Дваесетина пожари на отворен простор во текот на денот, активни се само неколку помали
Дваесетина помали пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека благодарение на брзата реакција на локалните противпожарни екипи, пожарите се изгаснати или ставени под контрола. „Во текот на денешниот ден досега имавме 20-тина помали пожари на отворен простор. Благодарение на брзиот почетен одговор на …
Continue Reading