Два противпожарни хеликоптери се судрија во воздух при гасење пожар во Грција, има загинати


screenshot-2026-08-02-162913.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два противпожарни хеликоптери денеска се судрија во воздух за време на гасење на голем пожар во местото Псата во Грција, јавуваат грчките медиуми.


Според првичните неофицијални информации, двете лица од едниот хеликоптер се спасени и пренесени во болница во Атина, а двете лица од вториот хеликоптер загинале.

Во двата хеликоптери имало по двајца членови на екипажот. Пилотите биле романски државјани.

Според грчките медиуми, станува збор за летала од типот Bell, ангажирани преку договор со грчката противпожарна служба.

Причините за судирот сè уште не се познати и ќе бидат предмет на истрага.

Несреќата се случи во период кога Грција се соочува со зголемен ризик од шумски пожари поради високите температури, сушата и силните ветрови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK