Трамп: Почнуваме нови преговори со Иран, не сакам да убивам луѓе

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека …

Continue Reading

Мароканец открива како ја преминал границата кон Сеута: „Полицијата ни викаше – трчајте во Шпанија“

Шпанската енклава на северот од Африка, последниве денови се соочува со досега невиден мигрантски бран. Се проценува дека меѓу 50.000 и 60.000 луѓе од Мароко влегле во градот, главно преминувајќи ја копнената граница или препливувајќи ги морските пречки поставени долж границата. Четириесет и четиригодишниот Мароканец и татко на четири деца, Јусеф Ел Абас, пред четири дена ја видел шансата да …

Continue Reading

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Египет

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени рано утринава го погоди североисточниот дел на Египет, соопшти турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (AFAD). Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. 🇪🇬 Footage shows the moment the 5.3-magnitude earthquake struck Egypt. https://t.co/NwWEyW3ZTh pic.twitter.com/vPO7e5rV4Z — Political Pen (@politicalpen_) August 3, 2026 Локалните …

Continue Reading

Денес сончево и многу топло време

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 38 степени, јавува УХМР.

Continue Reading

Земјотрес синоќа почувствуван во Скопје

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го …

Continue Reading

Рубио предлага заобиколување на Ормутскиот теснец

Идејата на американскиот државен секретар Марко Рубио за трајно намалување на зависноста од Ормутскиот теснец повторно ја отвори дебатата за тоа дали светот може да најде алтернативни правци за транспорт на нафта и природен гас. Иако Вашингтон ја претставува оваа визија како долгорочна стратешка цел, економските и геополитичките аналитичари предупредуваат дека целосно заобиколување на Ормутскиот теснец е практично невозможно во …

Continue Reading

Како полесно да заспиете за време на топлотен бран: едноставни трикови за разладување

Високите температури кои не се намалуваат ниту во текот на ноќта сè почесто го нарушуваат сонот за време на летните топлотни бранови. Според здравствените експерти, со неколку едноставни навики може значително да се намали чувството на жештина и полесно да се заспие. Хидратацијата е најважна Една од основните препораки е организмот да биде добро хидриран. Експертите советуваат внесување од 1,5 …

Continue Reading

Петмина загинати во експлозијата во ресторан во Москва, истрагата се води како терористички напад

Бројот на загинатите во експлозијата во ресторанот „Балзи Роси“ на плоштадот Кудринска во Москва се искачи на пет, додека повеќе од шестмина повредени се во тешка состојба, пренесе рускиот сервис на Радио Слобода, повикувајќи се на руски медиуми. Според информациите, две лица им подлегнале на повредите во болница. Рускиот Национален антитерористички комитет (НАК) претходно соопшти дека во експлозијата загинале три …

Continue Reading

(Видео) Најмалку 14 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан, над 20 лица се повредени

Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци, загинаа, а повеќе од 20 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз учесници на протест против милитантите во северозападниот дел на Пакистан, соопшти полицијата. Според началникот на окружната полиција, Омар Кан, нападот се случил во Кабал, град во долината Сват, во покраината Хајбер-Пахтунхва. Демонстрантите биле собрани во близина на полициска станица, каде што …

Continue Reading