Јотова му го додели мандатот за формирање нова влада на Радев

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денес му го додели мандатот за формирање нова влада на победникот на парламентарните избори, Румен Радев, чија партија „Прогресивна Бугарија“ освои убедливо мнозинство на гласањето одржано минатиот месец. По добивањето на мандатот, Радев го претстави составот на идната влада, за која парламентот треба да гласа утре, објави Ројтерс. Радев поднесе оставка од функцијата претседател на …

Continue Reading

Русија објави кој доаѓа на парадата, списокот е скромен: „Не испративме покани, тие сакаат да дојдат“

Овогодинешната парада за Денот на победата на 9 мај во Москва ќе се одржи без тенкови и ракети, Украина изјави дека „не гледаат причина да го почитуваат прекинот на огнот“, а се чини дека нема да има „звучни имиња“, пишуваат светските медиуми. Советникот на Владимир Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Русија не поканила конкретно странски претставници на …

Continue Reading

Камениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, најави Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје. „Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие …

Continue Reading

(Видео) Анкара покажа „чудовиште“ од ракета: на удар се три континенти

Турција го претстави прототипот на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Џилдиримхан“, како дел од нејзините напори да ја зајакне својата воена независност и да се позиционира како клучен одбранбен актер на Блискиот Исток и во рамките на НАТО алијансата. Според достапните податоци, „Џилдиримхан“ (молња) има дострел од околу 6.000 километри и може да погоди цели во Европа, Африка и Азија, додека …

Continue Reading

Вадефул: Иран не смее да дојде до нуклеарно оружје

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, денес изјави дека Берлин ја поддржува целта на Соединетите Американски Држави да го спречат Иран да добие нуклеарно оружје и оцени дека досегашните американски акции значително ги ослабнале ракетните капацитети на Иран. Во интервју за „Блумберг“, Вадефул рече дека односите меѓу Берлин и Вашингтон, и покрај несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп …

Continue Reading

Форсне: Европа сака да ја разбие Русија и да ја промени владата во Москва

Европските лидери го продолжуваат конфликтот во Украина, обидувајќи се да ја постигнат политичката цел за промена на власта во Русија преку зголемување на притисокот врз Москва, изјави новинарот Крис Форсне во програмата на „SwebbTV“. Зборувајќи за политиката што ја водат водечките европски престолнини кон украинскиот конфликт, Форсне особено посочи на улогата на британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон …

Continue Reading

Утре претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме

Времето утре, претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има …

Continue Reading

Ал-Келаифи: Луис Енрике е мојата најдобра одлука во ПСЖ

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на тимот во финалето на Лигата на шампионите. Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стручњак како најдобар тренер во светот и призна дека неговото доаѓање во Париз била најдобрата одлука откако го води клубот. „Луис Енрике е нашиот најголем адут. Тој е мојата најдобра …

Continue Reading

Хоџа изврши увид во инфраструктурни проекти во Арачиново вредни над 110 милиони денари

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, изврши увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, …

Continue Reading