Филкруг се враќа во Вердер


depositphotos_803620400_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никлас Филкруг се враќа во Вердер Бремен, објавија „Билд“ и „Скај Спорт Германија“.


Вердер и Вест Хем постигнаа договор за едногодишна позајмица без опција за откуп, а 33-годишниот германски напаѓач треба во текот на денот да ги мине медицинските прегледи, пред да го потпише договорот.

Филкруг, исто така, се согласи на значително намалување на платата за да може да се врати во клубот за кој веќе играше двапати.

Филкруг во школата на Вердер беше уште во 2006 година, а по враќањето во 2019 година, се врати во Бундеслигата со клубот и стана најдобар стрелец во првенството. Во 2023 година, тој се пресели во Борусија Дортмунд, а една година подоцна замина во Вест Хем за околу 27 милиони евра.

Последните две години беа обележани со повреди и лоша форма, а последната полусезона ја помина на позајмица во Милан. Сега се враќа во Бремен, каде што одигра 124 сениорски натпревари.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK