Олимпијакос не попушта – Случајот Вокап прерасна во правна битка

Спорот меѓу Томас Вокап и Олимпијакос доби нова, посериозна димензија. Искусниот плејмејкер е решен да го напушти клубот од Пиреја и да се пресели во Дубаи, иако неговите претставници го советувале да не влегува во борба со актуелниот европски првак. Според Михалис Стефану од порталот „Бетарадес“, Вокап во еден момент одлучил да ги заобиколи своите претставници, кои се обиделе да …

Continue Reading

„Се јави талогот од СДС, овој пат да даде експертско мислење за прскањето против комарци“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски. „Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати. Дезинсекција против ларви: – 7 мај …

Continue Reading

Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите …

Continue Reading

Пожар на кровна конструкција на две споени куќи во Козле: нема повредени

Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Од гробно место во Бутел украдена бронзена биста

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.Ј. од Србија пријави дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место во Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Малолетничка нападната од женско лице на подрачјето на Карпош

Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 54-годишната М.М. од Скопје пријавила дека на 17.08.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Кривична против 42-годишник од Пехчево за „насилство врз дете“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.А. од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.07.2026 на место викано „Парк Езерце”, пријавениот извршил физичко и психичко насилство врз малолетно дете.

Continue Reading

Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до …

Continue Reading

Скопјанец пронајден починат во дворот на семејната куќа во Ќерамидница

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал 82-годишниот Т.Б. во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading