43-годишна радовишанка ја истепала својата мајка: спроведена е во здравствена установа

Вчера во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка. Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Уапсен 15-годишник од Кичево: со мопед удрил во велосипедист

Вчера во 18:10 часот, на улица „Влашки пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По …

Continue Reading

Муцунски – Мацинка: Цврсто македонско-чешко партнерство, силна поддршка за европската интеграција и нови можности за економска соработка

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. …

Continue Reading

Расчистени две кривични дела „измама“, откриени се сторителите

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и …

Continue Reading

Олимпијакос не попушта – Случајот Вокап прерасна во правна битка

Спорот меѓу Томас Вокап и Олимпијакос доби нова, посериозна димензија. Искусниот плејмејкер е решен да го напушти клубот од Пиреја и да се пресели во Дубаи, иако неговите претставници го советувале да не влегува во борба со актуелниот европски првак. Според Михалис Стефану од порталот „Бетарадес“, Вокап во еден момент одлучил да ги заобиколи своите претставници, кои се обиделе да …

Continue Reading

„Се јави талогот од СДС, овој пат да даде експертско мислење за прскањето против комарци“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски. „Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати. Дезинсекција против ларви: – 7 мај …

Continue Reading

Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите …

Continue Reading

Пожар на кровна конструкција на две споени куќи во Козле: нема повредени

Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Од гробно место во Бутел украдена бронзена биста

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.Ј. од Србија пријави дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место во Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading