Сити го договори трансферот на мароканскиот вундеркинд
Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансфер на мароканскиот играч за врска Ајуб Буади. Договорот е вреден почетни 95 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку потенцијални бонуси. Ова е третиот најскап трансфер во клупската историја. Пред Буади се само Џек Грилиш (117 милиони фунти) и Елиот Андерсон (116 милиони фунти). Буади треба да се пресели на „Етихад“ и …
Continue Reading
Голем шумски пожар кај Бигла, во гаснењето се вклучуваат три „Ер трактори“ и хеликоптер
Голем шумски пожар беснее во борова шума во близина на селото Бигла во Делчевско, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Денес околу 10 часот неодговорно лице палело гуми во својот дом во село Бигла, кое што е село од разбиен тип, односно се наоѓа на неколку ридови. Притоа изгубил контрола врз огнот и огнот се проширил …
Continue Reading
Зеленски: Најреален период за крај на војната е до следното лето
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека најреалниот период за постигнување дипломатско решение и завршување на руската војна против Украина е од крајот на 2026 година до летото 2027 година. Зборувајќи во Киев на свеченоста по повод Денот на државното знаме, Зеленски рече дека Москва и Киев и натаму имаат спротивставени позиции, особено околу прашањето за повлекување на украинските сили од …
Continue Reading
Американските авиони-цистерни се повлекоа од Бугарија по заканите од Иран
Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите предизвика реакција …
Continue Reading
(Видео) Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година …
Continue Reading
(Видео) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните …
Continue Reading
Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД
Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање …
Continue Reading
(Видео) Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа, тотална неспособност на Клековски и Мицкоски
СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Пет години лаги за модуларната, ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно. „Модуларните …
Continue Reading