УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за …

Continue Reading

Мерц: Не би им препорачал на моите деца да одат во Америка за образование или работа

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денес ги повика младите луѓе внимателно да размислат пред да одлучат да студираат или работат во Соединетите Држави, тврдејќи дека Германија нуди подобри долгорочни можности. „Денес, не би им препорачал на моите деца да одат во Соединетите Држави за да студираат и работат таму“, рече Мерц на собир на германски католици во Вирцбург. „Таму се разви …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски нема да ги заврши реформите затоа што не сака да ги заврши

Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање, реагираат од СДСМ, на изјавата на премиерот. „Реалноста е следнава: Тој сам ја укина Техничката влада. Тој рече дека „СДСМ не му треба“. Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно …

Continue Reading

Свечена академија по повод Денот на словенските просветители – Св. Кирил и Методиј

По повод Денот на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, Општина Струмица организира Свечена академија на која ќе бидат доделени признанија на просветни работници за постигнување исклучителни резултати во воспитно-образовната работа, како и за нивниот значаен придонес во афирмацијата на образованието и наставничката професија. Свеченоста ќе започне во 18:00 часот, кога заедно ќе им оддадеме почит на основоположниците на …

Continue Reading

ЗНАМ се распаѓа, велат од СДСМ

Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата на криминалната група ВМРО, реагираат од СДСМ, на прес – конференцијата на портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. „Доволно е со дефокусот. Граѓаните не ги интересираат вашите дневни шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски …

Continue Reading

(Видео) СДСМ предложи 10 итни мерки за побезбедни училишта

Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е јасен сигнал дека системот потфрла, и уште колку инциденти треба да се случат во училиштата за Министерството за образование конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност?, праша Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука, …

Continue Reading

Утре, 16 мај: „Генералка викенд“ на повеќе локации во општина Гевгелија

Општина Гевгелија и годинава е дел од големата еколошка акција „Генералка викенд 2026“, која ќе се реализира на 16 мај (сабота) со почеток во 10:00 часот, на повеќе локации на порачјето на општината. Во рамки на активностите во Гевгелија, ќе се чисти на неколку локации, и тоа во близина на Негорски Бањи, покрај автопатот кон граничниот премин „Богородица“, како и …

Continue Reading

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Скопјанец нашол стара рачна бомба додека го чистел дворот на подрачјето на Гази Баба. Според информациите на МВР, вчера во 08:38 часот во СВР Скопје, А.С.(38) од Скопје пријави дека при чистење на дворот на подрачјето на Гази Баба пронашол стара рачна бомба. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гази Баба, а бомбата била подигната за понатамошна постапка.

Continue Reading

Маж од Гостивар демнел 15-годишно девојче

Маж од Гостивар следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон.

Continue Reading