Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот на Народната банка: Славески оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст


siljanovska-davkova-slaveski-1-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.


Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото.

Гувернерот оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст, но дека треба внимателно да се следат увозната зависност и цените на храната и енергијата.

Соговорниците се согласија дека стручните и компетентни човечки ресурси се клучни за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата. Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер.

Макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат приоритет за напредокот на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK