Собранието изгласа укинување на техничката влада

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за Влада, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе престане да постои техничката, односно преодната влада. За законските измени гласаа 70 пратеници, 11 беа против, а воздржани немаше. Техничката влада, позната и како пржинска влада, беше воведена како ад хок механизам за изборите во 2016 година со цел да обезбеди фер …

Continue Reading

Марихуана и амфетамин пронајдени во подрум во Аеродром – скопјанец под истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во подрумска просторија во Аеродром која ја користел осомничениот 49-годишник, полициски службеници пронашле вкупно 108.61 грама марихуана, 66.9 грама психотропна супстанца …

Continue Reading

Мицевски: Државата има институционален капацитет за фер и демократски избори, техничката влада ги покажа слабостите

На денешната собраниска седница се обрати Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека државата има капацитет да организира фер и демократски избори, притоа наведувајќи дека техничката влада ги покажала своите слабости во минатото и треба да биде укината. Според него, првата техничка влада функционирала со одредени предизвици, но без сериозни нарушувања, за разлика од …

Continue Reading

Спасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска изјави дека укинувањето на техничката влада не претставува реформа, туку чекор назад, обвинувајќи ја власта дека без политички консензус и широка дебата сака да го смени Законот за Владата по скратена постапка. На собраниската седница за измените на Законот за Владата, Спасовски истакна дека наместо суштински реформи, парламентарното мнозинство се фокусира …

Continue Reading

Трамп ја одби понудата на Иран: „Се гушат како прејадена свиња“

Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја задржат поморската блокада на Иран сѐ додека Техеран не прифати договор што ќе ги исполни американските барања за иранската нуклеарна програма. Со тоа, Трамп ја отфрли иранската понуда прво да се укине блокадата, а нуклеарните преговори да продолжат подоцна. „Блокадата е донекаде поефикасна од бомбардирање. Се гушат како прејадена свиња. Ќе …

Continue Reading

Камилa со британска шега ја збуни Меланија Трамп: Нивниот разговор стана хит на социјалните мрежи

Разговорот меѓу британската кралица Камила и американската прва дама Меланија Трамп за време на државната посета на САД стана хит на социјалните мрежи, откако читачка од усни тврди дека открила што си кажале двете. Според Никол Хикинг, која за „Дејли мејл“ ја анализирала снимката, Меланија останала збунета од израз што Камила го употребила – типично британска фраза која тешко се …

Continue Reading

Кремљ потврди: Фицо ќе присуствува на Парадата на победата во Москва

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, следната недела ќе присуствува на Парадата на победата во Москва, потврди советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков. Потврдата доаѓа откако словачки медиуми објавија дека Фицо планира патување во Русија за 9 Мај, но без присуство на самата воена парада. Фицо и минатата година беше на парадата во Москва, и покрај предупредувањата од Брисел, а …

Continue Reading

Времето утре облачно со обилни врнежи од дожд

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса, времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од …

Continue Reading

Мицкоски: Швајцарија е меѓу најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Швајцарија е еден од најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка, по денешната средба со претседателот на Швајцарската конфедерација во Скопје. Мицкоски рече дека имале „прекрасна работна средба“ и работен ручек со високата швајцарска делегација, на кој присуствувале и претставници на македонската Влада и бизнис-заедницата. „Разговаравме за сите можности, за предизвиците, но и за сето …

Continue Reading