Алесандра Амбросио беше ѕвездата на модната ревија на „Victoria’s Secret“, но зад нејзиниот гламур на пистата се крие сериозна напорна работа и труд. Сега, нејзиниот личен тренер откри како таа се подготвувала за овој настан.
View this post on Instagram
Алесандра Амбросио навистина „ја запали сцената“ на овогодинешната модна ревија на „Victoria’s Secret“. Нејзината витка фигура дојде до израз во впечатливи креации, додека нејзините заводливи движења беа нејзиниот најголем адут на пистата.
View this post on Instagram
Луди Делфино, личниот тренер на познатата манекенка, за „Daily Mail“ откри како Амбросио се подготвувала за овој голем настан. Таа наведе дека Алесандра ослабела 3 килограми за ревијата, тренирајќи шест, а понекогаш дури и седум пати неделно.
View this post on Instagram
План за тренинг
Нејзиниот режим на вежбање се состоеше од комбинација на тренинг за сила, вежби со еластични ленти, пилатес и јога. Фокусот беше ставен на обликување на задникот и рамената; Делфино дури вклучи и „супер-сесии“ – изведување на различни вежби една по друга, речиси без никакви паузи.
View this post on Instagram
„Често ги менував вежбите, но најмногу работевме на задникот. Исто така, посветивме многу внимание на нозете, стомачните мускули и грбот“, објасни Делфино. Таа откри и дека, иако Амбросио не е голем љубител на вежби за горниот дел од телото, сепак посветиле посебно внимание на грбот.
View this post on Instagram
„Силниот грб е клучен за добро држење на телото – особено кога за време на ревијата треба да носите големи, тешки крилја“, појасни таа.
View this post on Instagram
Таа исфрли одредени намирници.
За да ја постигне посакуваната фигура, Амбросио мораше да исфрли одредени работи од својата исхрана – конкретно, шеќер и алкохол. Го зголеми внесот на протеини, а го намали внесот на јаглехидрати, особено во вечерните часови.
View this post on Instagram
„Жените кои со години учествуваат на модните ревии на ‘Victoria’s Secret’ изгледаат подобро од кога било. Важно е да се биде упорен. Ако се храните правилно и редовно вежбате, можете да останете во добра форма. Се разбира, за некои жени тоа е потешко поради хормоните и други фактори“, рече таа.