Блокадите од ССМ имаат политичка заднина, смета Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски, вели дека денешниот протест на ССМ има политичка заднина и дека со договорот кој го направиле со синдикатите, Владата ги исполнила своите обврски. „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот

Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа додава дека и после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара? „Молкот не е случајност …

Continue Reading

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои работи, повторно …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Заев и Филипче ја направија Македонија Колумбија на Балканот за шверц на марихуана

Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија – Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со …

Continue Reading

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави: „Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја …

Continue Reading

Уапсени 11 возачи поради возење со забрана, без возачка дозвола или под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, …

Continue Reading

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок во борбата против корупцијата, туку има константа како почетна точка од која работите треба да тргнат на подобро, велат од Транспаренси интернешнл. „Формално сме позиционирани четири места подобро на ранг-листата од минатата година 84 позиција. Ова подобрување покажува дека минатата …

Continue Reading

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта: Сајбер-нападите врз критичната инфраструктура не се виртуелна закана, туку реален ризик

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и безбедна дигитална инфраструктура во услови на зголемени глобални предизвици. Настанот започна со воведно обраќање на министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, по што …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на премиерот на Косово

Посебен режим на сообраќај денеска ќе биде воведен во Скопје поради посета на премиерот на Косово, Албин Курти. „Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, соопшти …

Continue Reading