Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот.
Младите од ВЛЕН истакнуваат дека нивната застапеност е клучна за зајакнување на демократските институции и општествениот развој.
Резолуцијата предвидува зголемување на застапеноста на младите во раководните структури и на изборните листи, нивен напредок врз основа на заслуги и транспарентност, како и креирање програми за обука на идни млади лидери.
Исто така се нагласува потребата од зголемување на младинското вработување, поддршка на претприемништвото, редовни консултации со младите и нивно активно учество во демократските процеси.
Младинските форуми на ВЛЕН оценуваат дека оваа резолуција претставува чекор кон нова политичка култура, во која младите имаат поактивна улога во развојот и одлучувањето.