Почина Џејмс Ван Дер Бик, ѕвездата на „Досон Крик“

Ѕвездата на „Досонс Крик“, Џејмс Ван Дер Бик, почина. Имаше 48 години и почина по борбата со рак на дебелото црево во трет стадиум, кој му беше дијагностициран во август 2024 година. Неговата сопруга, Кимберли Ван Дер Бик, ја објави веста на Инстаграм. „Нашиот сакан Џејмс Дејвид Ван Дер Бик почина мирно утрово“, напиша таа. „Тој ги пречека своите последни …

Continue Reading

Без вода денеска дел од Бутел

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од …

Continue Reading

Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија. Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, …

Continue Reading

Тринаесетгодишно момче нападна двајца врсници во Лондон со нож: уапсен е во џамија

Тринаесетгодишно момче уапсено под сомнение дека избодел двајца ученици во средното училиште Кингсбери во Лондон е поранешен ученик во училиштето, потврди полицијата. Двајцата нападнати ученици, на возраст од 12 и 13 години, се префрлени во болница и се во сериозна состојба. Настанот не се третира како терористички напад, пишува „Скај њуз“. Главната началничка Хелен Фланаган им изјави на новинарите дека …

Continue Reading

Зеленски: Првпат слушам за 24 февруари како датум на избори во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави, коментирајќи ги извештаите на некои медиуми, дека за прв пат слушнал оти датумот на изборите во Украина може да биде 24 февруари и нагласи дека одржувањето на изборите зависи од безбедносната состојба. Како што објави Укринформ, претседателот на Украина го кажа ова на новинарите коментирајќи ја информацијата на „Фајненшл тајмс“ за наводната намера да …

Continue Reading

Макрон: Единственото решение е Европа да стане независна сила

Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Антверпен изјави дека „единственото“ решение за економските закани што ги претставуваат Кина и Соединетите Американски Држави е Европа да стане независна сила. „Ни треба нова скала и нова брзина во нашиот пристап за да се стави крај на фрагментацијата што ја ослабува и ризикува да ја понижи Европа“, им рече Макрон на бизнис лидерите …

Continue Reading

Медведев: Нема ништо поважно за Русија од победата

За сите граѓани на Русија, ништо не е поважно од победата, потребно е земјата да има иднина, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата „Единствена Русија“, Дмитриј Медведев. „За сите нас сега, за сите граѓани на нашата земја кои ја сакаат нашата земја и веруваат во неа, ништо не е поважно од победата. Тоа е …

Continue Reading

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека консолидацијата и внатрепартиското единство се клучни предуслови за зајакнување на СДСМ и за успешна борба против оваа власт. Тој нагласи дека нема да дозволи внатрепартиски поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ. -Има некои луѓе кои што се амбицираат како некоја …

Continue Reading