По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март, од денеска, 2 март 2026 година, почнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот. Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, …

Continue Reading

Ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „Тоска“, во Националната опера и балет

На 6 март со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги ќе диригира со …

Continue Reading

Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало

Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство. „Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното …

Continue Reading

Катар ги прекина односите со Иран по нападот

Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја. Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили. „Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената …

Continue Reading

Иран тврди дека е погоден нуклеарниот полигон во Натанц, ИАЕА вели дека нема докази за штета

Иранскиот нуклеарен полигон во Натанц бил погоден за време на американските и израелските воени операции против Исламската Република, изјави иранскиот амбасадор при Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Реза Наџафи. „Вчера повторно беа нападнати ирански мирни, заштитени нуклеарни постројувања“, изјавил Наџафи на состанок на Управниот одбор на ИАЕА. На прашање на Ројтерс кое постројување било погодено, тој одговорил: „Натанц“. Од …

Continue Reading

Првиот човек на НАТО доаѓа во посета на Македонија, Сиљановска-Давкова ќе го пречека со највисоки државни и воени почести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Во рамки …

Continue Reading

„Јас сум Невенка“, победник на San Sebastián International Film Festival, ќе се прикажува во Кинотека

Кинотека на Македонија го најавува шпанскиот филм „Јас сум Невенка“, победник на фестивалот San Sebastián International Film Festival во категорија: Euskadi Basque Country 2030 Agenda Award – won 2024 Настанот е во организација на Амбасада на Кралството Шпанија во Северна Македонија и Кинотека на Македонија. „Јас сум Невенка“ е филм на режисерката Исијар Бољаин од 2024 година, инспириран од вистинска …

Continue Reading

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите Американски Држави и со секој напор за заштита на глобалниот мир, стабилност и безбедност, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со последните случувања на Блискиот Исток. „Алијансата со САД не е само дипломатска ориентација. Тоа е стратешка и …

Continue Reading

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно, рекол премиерот, Христијан Мицкоски, во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите. …

Continue Reading