(Видео) Расел ја освои пол позицијата во последниот круг

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го забележа најдоброто време во квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Австрија, осма во тековниот шампионат. Третопласираниот во генералниот пласман го освои првото место во квалификациите на прилично интересен и возбудлив начин: преземајќи го водството од возачот на Ферари, Шарл Леклер, во последниот круг. Тоа беше само кулминација на драматична борба на жешкиот …

Continue Reading

Катастрофа во Венецуела: Речиси 920 загинати, милиони луѓе погодени

Околу седум милиони луѓе можно е да се директно погодени од разорните земјотреси во Венецуела, според проценките на Обединетите нации. „Најмалку 6,76 милиони луѓе може да бидат директно погодени од разорните земјотреси што ја потресоа Венецуела на 24 јуни. Потенцијалниот ефект од тоа може да е хуманитарна катастрофа“, соопшти Меѓународната организација за миграција, агенција на Обединетите нации. Тоа беа најсилните …

Continue Reading

(Видео) Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Венецуела

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како спасувачите во градот Ла Гваира го вадат бебето од урнатините и го предаваат на маж за кој се верува дека е нејзин татко. Агенцијата АФП известува дека малку подоцна и мајката на бебето е извлечена жива од урнатините. Спасувачките операции продолжуваат низ целата земја по двата последователни земјотреси, во кои загинаа најмалку 920 …

Continue Reading

Тошковски и Љамалари со потпис се договорија за заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. -Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување …

Continue Reading

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Continue Reading

Владата на Централноафриканската Република прогласи епидемија на колера

 Владата на Централноафриканската Република официјално прогласи епидемија на колера откако беа потврдени 24 смртни случаи и 197 заразени во областите Бимбо и Мбаики, југозападно од главниот град Банги, соопшти министерот за здравство на земјата, Пјер Сомсе. „Додека Централноафриканската Република се соочува со закана од епидемија на вирусот ебола што беснее во Демократска Република Конго и во Уганда, Министерството за здравство …

Continue Reading

Поради високите температури да се наводнуваат површините

Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата …

Continue Reading

Ѓоковиќ откри за „Макфакс“ за кого навива на СП, кој ќе биде првак и дали е за Меси или Роналдо

Од специјалниот известувач од Вимблдон, Ненад Живановски – Столиќ На прес конференцијата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ беше запрашан од известувачот на „Макфакс“ дали го следи светското првенство во фудбал, за кого навива, кој мисли дека ќе биде шампион, и за кого би се одлучил помеѓу Меси и Роналдо. „Секако дека навивам за Босна и Херцеговина и Хрватска. Секогаш ги подржувам …

Continue Reading

Иран и Обединети Арапски Емирати од 1 јули ќе ги обноват летовите меѓу Техеран и Дубаи

Летовите меѓу Техеран и Дубаи ќе бидат обновени од 1 јули, соопшти Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран, наведувајќи дека и иранските и емиратските власти ги издале потребните дозволи. Според иранска новинска агенција, во почетна фаза ќе бидат опфатени ирански авиокомпании, а се очекува и други превозници да се приклучат подоцна откако ќе добијат дополнителни одобренија. Обновувањето на воздушната рута …

Continue Reading