Антонели пред возачите на Ферари ја освои пол позицијата во Силверстон
Лидерот во генералниот пласман, возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија. 19-годишниот Италијанец, претходно во текот на денот победи во спринт трката, до петатта пол позиција сезонава, дојде пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Кими Антонели, стигна до пол-позицијата со време од 1:28.111 минути, 175 илјадити …
Continue Reading
Швјонтек и Рибакина елиминирани од Вимблдон
Бранителката на титулата, Ига Швјонтек и втората на ВТА листата, Елена Рибакина, сензационално се елиминирани од третиот Гренд слем во сезоната, Вимблдон. Шампионката од минатата година, трета на ВТА листата, Шјонтек загуби од Александра Ијала. Тенисерката од Филипините (32. на ВТА листата), победи во два сета (7:6, 6:2) по повеќе од два часа игра. Филипинската тенисерка доминираше во вториот сет, …
Continue Reading
Уапсен 72-годишник од Радовиш, со ловечка пушка усмртил куче
Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека со ловечка пушка усмртил куче на улица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 3 јули во 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Р.Л. (72) од Радовиш. Претходно било пријавено дека на 2 јули околу 22:00 часот на улицата „Благој Мучето“ се …
Continue Reading
Повреден 45-годишен работник во рудник во пробиштипско
Четириесет и петгодишен жител на Кратово е повреден при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 3 јули во 20:35 часот во ОВР Пробиштип, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.К. (45) од Кратово.
Continue Reading
Мицкоски: Има маркети со повисоки маржи, но имињата засега нема да ги откривам
Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно …
Continue Reading
Прв пат во државава извршена нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман …
Continue Reading
Пијан возач удрил малолетен велосипедист и избегал од местото
Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, откако во него удрило патничко возило чиј возач го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, несреќата се случила на 3 јули во 17:20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Во неа учествувале велосипед управуван од …
Continue Reading
Возеле без дозвола и под дејство на алкохол, полицијата приведе четворица возачи
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници лишиле од слобода четворица возачи на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, двајца од приведените, во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека останатите двајца, во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол. …
Continue Reading
Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство
Австралија ја поздрави нацрт-одлуката на УНЕСКО, со која Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство, и покрај последиците што климатските промени ги имаат врз овој природен бисер. Австралиската заменик-министерка за туризам, Нита Грин, оцени дека ваквата одлука претставува признание за континуираните напори на земјата во заштитата и управувањето со Големиот корален гребен. …
Continue Reading