Русија не е закана за Европа и нема да започне светска војна, вели Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија не претставува закана за Европа и нема да биде иницијатор на третата светска војна. „Русија е премногу голема и одговорна земја за да стане иницијатор на третата светска војна“, рече Песков и додаде дека и САД ги разбираат последиците од таков конфликт, објави Спутник. Тој оцени дека Москва е загрижена за …
Continue Reading
ЦУК: Граѓаните наскоро ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“
Директорот на ЦУК, Мухамед Али најави дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации. Апликацијата според најавеното ќе овозможи, прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; „Испраќање фотографии од местото на настанот; Испраќање видеа од местото на настанот; Директна видео-комуникација со Оперативниот …
Continue Reading
Трамп: Мелони е фина личност, но, таа направи грешка
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони е „фина личност“, но исто така ја критикуваше за тоа што одби да ги поддржи САД за време на војната со Иран. Трамп им рече на новинарите во Турција, каде што присуствува на самит на НАТО. „Нашиот однос малку се влоши затоа што таа одби да ни помогне. Таа одби …
Continue Reading
Данската премиерка до Трамп: Гренланд не е на продажба, почитувајте го нашиот суверенитет
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Гренланд не е на продажба и рече дека очекува сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет. Премиерката реагираше на повторените амбиции на Доналд Трамп да ја преземе контролата врз полуавтономниот арктички остров. Фредериксен зборуваше на самитот на НАТО во турската престолнина Анкара, само неколку часа по последните изјави на Трамп. Гренланд е територија со висок …
Continue Reading
Нетанјаху го вклучи алармот во морнарицата по напад врз танкер во Ормускиот теснец
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта. „Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, како и на Израел, е да ги обезбедат поморските патишта и слободата на поморската трговија, кои се од клучно значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, …
Continue Reading
Британската армија: Три танкери погодени во Ормускиот теснец
Три танкери беа погодени од ракети денес во Ормускиот теснец, објави британската армија. Новите напади се закануваат да го задушат протокот на сообраќај во теснецот токму кога земјите се надеваат дека превозот во регионот ќе се врати во нормала и дека ќе се намали глобалниот економски товар од војната меѓу САД и Иран. Еден од танкерите што пловеше во близина …
Continue Reading
Утре, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за пороен дожд и грмежи
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во …
Continue Reading
Трамп: И Путин и Зеленски сакаат мировен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Анкара дека претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, со кои неодамна разговараше по телефон, сакаат мировен договор, и го повтори своето незадоволство од одговорот на европските сојузници во НАТО на војната во Иран, како и од ставот дека Гренланд треба да биде под контрола на Вашингтон. „Мислам дека двајцата сакаат …
Continue Reading
Град Скопје со финансиска помош за Венецуела, објави Ѓорѓиевски
Град Скопје ќе додели финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски: „Град Скопје со помош за Венецуела – Скопје, град на солидарноста! Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја …
Continue Reading