Куба е следна, рече Трамп па додаде „правете се дека не сум го кажал“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба е следна“, за време на говор во Мајами, но веднаш додаде „правете се дека тоа не сум го кажал“. Тој не објасни што точно значи тоа, но нагласи дека Куба е во тешка економска состојба и на раб на колапс. Во исто време, неговата администрација веќе води разговори со дел од кубанското раководство, …

Continue Reading

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

Граѓаните на Србија се силно поделени околу членството во Европската унија, покажува истражување на Центарот за европски политики (ЦЕП), спроведено на 1000 испитаници. Според резултатите, 39,8% го поддржуваат членството, 33,8% се против, а 26,4% се неопределени. Во случај на референдум, 41,6% би гласале „за“, 32,4% „против“, додека 26% не знаат како би се изјасниле. Најголема поддршка за ЕУ има кај …

Continue Reading

Вечерва почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува вечерва, по полноќ. Во 02:00 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета …

Continue Reading

Влатко Стефановски во Сплит доби признание за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory

Еден од најценетите гитаристи на овие простори Влатко Стефановски, во Сплит го доби признанието „Порин“ за животно дело, со што дополнително се потврдува неговиот неизбришлив белег на регионалната и меѓународната музичка сцена. Свеченото доделување се одржа во рамки на неговиот распродаден концерт Acoustic Night во Хрватскиот дом Сплит, каде публиката со долг аплауз и овации го испрати уметникот кој со …

Continue Reading

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

Во Општина Чаир беа доделени 13 решенија за трајно вработување на 13 наставници, кои претходно беа ангажирани со договор на дело. Во салата на општината, во присуство на наставници, директори и корисници, активноста се реализираше со присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одразувајќи го институционалниот ангажман за создавање постабилни услови во секторот на образованието. „Образованието останува континуиран приоритет …

Continue Reading

Научниците открија: Комарците не бираат случајно, имаат систем за напад

Научниците откриле дека комарците не напаѓаат случајно, туку користат комбинација од сигнали како што се визуелни фактори и јаглерод диоксид за да ги пронајдат луѓето. Истражувањето, спроведено од тимови од Технолошкиот институт Џорџија и Масачусетскиот технолошки институт, анализирало милиони податоци и покажало дека секој комарец реагира индивидуално, а не ги следи другите. Со помош на 3Д инфрацрвени камери, научниците откриле …

Continue Reading

Викенд со дожд, нов бран врнежи од среда

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната …

Continue Reading

Напади врз станбени згради, најмалку 20 загинати цивили, јавуваат иранските медиуми

Најмалку 20 цивили загинале во напади врз станбени области во Техеран и покраината Керманшах, пренесуваат иранските медиуми. Во Техеран, во ракетен напад врз станбен комплекс загинале 10 лица. Во Керманшах се убиени 13 лица, меѓу кои и две деца. Нападнати биле и индустриски објекти во Исфахан и Ахваз, каде има жртви и повредени, како и оштетувања на електроенергетските системи.

Continue Reading

(Видео) Ника скока како постариот брат, за шест и пол метри го подобри светскиот рекорд

Во втората серија тренинзи во Планица, Ника Превц направи историски скок од 242,5 метри, поставувајќи нов светски рекорд во скијачки летови за жени. Претходниот рекорд беше во сопственост на Норвежанката Еирин Марија Квандал со 226 метри Ника го подобри сопствениот рекорд од Викерсунд за 6,5 метри и уште еднаш ја нагласи доминацијата на семејството Превц во светот на скијачките летови. …

Continue Reading