ВЛЕН: Задржувањето без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!


vlen.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„На граничниот премин Ќафасан, координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, беа задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца беа опремени со дипломатски пасоши“, велат од Влен.


„Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

ВЛЕН бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници.

Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање“, соопшти Влен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK