Зеленски се огласи по бруталните напади врз Украина: „Светот не треба да молчи за тоа што го прават Русите“

zelenski4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на каналот Телеграм по еден од најжестоките напади врз Киев од почетокот на војната во Украина.

„Светот не треба да молчи за руските напади низ Украина во кои загинаа најмалку 20 луѓе“, рече Зеленкси.

Тој исто така додаде дека детската болница, која беше погодена во нападот, е една од најважните медицински установи во земјата.

„Русија треба да одговара за сите злосторства врз луѓето, децата и човештвото. Многу е важно светот да не молчи за ова, сите да видат што прави Русија“, рече тој.

Да потсетиме, во нападот на Киев утринава загинаа најмалку седум лица, а неколку се повредени.

Во нападот беше погодена и најголемата детска болница во Украина, а евакуацијата на пациентите се уште трае.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK