Во Израел за денеска e најавен масовен протест со барање да се распишат избори

Screenshot-2024-07-07-082217.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Израел за денеска се најавени протести на кои групи антивладини активисти ќе бараат распишување избори.

Активистите најавија дека ќе ги блокираат главните патишта, а протестите треба да завршат со масовни антивладини демонстрации пред седиштето на израелската армија во Тел Авив, пишува „Џерусалим пост“, пренесува Танјуг.

Протестите се одржуваат на денот пред девет месеци кога палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи 251 заложник, главно цивили.

На почетокот на денешните протести, организирани од антивладините активистички групи низ Израел, активистите се собраа во Кибуц Ор Ханер во близина на границата со Појасот Газа за да пуштат црни и жолти балони и да одбележат девет месеци од нападот на Хамас.

Се верува дека во Појасот Газа се уште има 116 заложници, но не сите се живи.

Израелскиот весник потсетува дека Хамас досега ослободи 105 цивили за време на еднонеделното примирје постигнато на крајот на ноември минатата година.

Со интервенција на израелската армија беа спасени седум заложници, а пронајдени се телата на 19 заложници, меѓу кои и телата на три лица кои загинаа поради погрешна пресметка на израелската армија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK