Илјадници луѓе на Парадата на гордоста во Мадрид

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десетици илјади ЛГБТ активисти со шарени знамиња продефилираа низ улиците на Мадрид на Парадата на гордоста, танцувајќи на музика.



Под слоганот „Образование, права и мир: Гордост што се трансформира“, организаторите на парадата повикаа на едукација за различностите како „клучен инструмент“ во борбата против ЛГБТ-фобијата, пренесува Ројтерс.

На настанот присуствуваа претставници на владејачката коалиција, како и некои членови на најголемата опозициска партија.

Учесниците истакнаа дека едукацијата за различностите е основна алатка во борбата против омразата, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK