(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Screenshot-2024-07-07-084101.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна Кореја до линијата на фронтот во Украина!

– Нашите агенти успеаја да извршат успешна операција на Транссибирската железница кај Екатеринбург. Железничката линија по која се доставуваше севернокорејска муниција е разнесена – напиша групата Атеш на својот канал Телеграм.

Атеш е воено партизанско движење кое дејствува на окупираните територии на Украина и на територијата на Русија, што го создадоа Украинците и Кримските Татари во септември 2022 година.

Групата објави мапа на која е прикажана наводната локација на нападот и кратко видео на кое е прикажана експлозијата. Според портпаролот на групата, саботажата ја извршил еден од нивните руски агенти.

-Одби да биде награден бидејќи работи од идеолошки причини. Неговата цел е да ја запре криминалната војна што неговата земја ја води против Украина – изјави портпаролот на групата за Киев пост.

Екатеринбург е оддалечен околу 2.500 километри од Украина.

Севернокорејските војници, да потсетиме, наскоро треба да пристигнат на тлото на Украина за да ја поддржат Русија во војната, објави неодамна Пјонгјанг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK