Украина: Изјавата дека сме одговорни за големиот пожар на Крим е лажна

kiev_3423423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Изјавата во која се тврди дека Украина е одговорна за големиот пожар во окупираниот Крим е лажна, соопшти украинската воена разузнавачка служба за Киев пост.

Главната руска воена база и складиште за муниција на окупираниот полуостров моментално се во пламен, а илјадници луѓе се евакуирани, соопштија властите назначени од Кремљ.



Од 4 часот утрово, руските медиуми и други објавија видеа од големи пламени јазици, густ чад и серија силни детонации.

Пожар беснее на воени полигони за обука, аеродром и складиште за муниција – познато како „полигон“ – во близина на историскиот град Стар Крим во областа Киров во централен Крим.

Некои светски медиуми претходно пренесоа објава на Телеграм на шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов во која вели дека синоќешната експлозија на складиште за муниција во руска воена база на окупираниот Крим е операција на украинските специјални сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK