Анкета: Трамп убедливо води пред Де Сантис за кандидат на Републиканската партија за претседател на САД

tramp_34535334534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Доналд Трамп води во трката за републиканска номинација за кандидат за претседател на СAД со 47 отсто поддршка меѓу членовите на партијата и моментално е далеку пред гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој има 19 отсто од гласовите, според новата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Седумдневното истражување, кое заврши во понеделникот, покажа дека поддршката за Трамп, кој беше претседател на САД од 2017 до 2021 година, е зголемена од неговиот јунски резултат од 43 отсто. Останатите номинирани, Вивек Рамасвами, биотехнолошки претприемач и поранешниот потпретседател Мајк Пенс имаат 9 и 7 проценти, соодветно.



Анкетата на Ројтерс/Ипсос со 4.414 луѓе низ целата земја покажува тесна трка за изборите во ноември 2024 година доколку Трамп се соочи со демократскиот американски претседател Џо Бајден

Во моментов Бајден може да смета на 37 отсто од гласовите, а Трамп – 35 проценти. Останатите 28 отсто од анкетираните рекле дека се неопределени, би гласале за некој друг или воопшто нема да гласаат.

Ниту Бајден ниту Трамп не се особено популарни меѓу луѓето надвор од нивните партии. Само 31 отсто од независните го поддржуваат Трамп, а 32 отсто го поддржуваат Бајден.

Бајден (80) е најстариот претседател во историјата на САД, а 63 проценти од демократите во истражувањето се согласуваат дека тој е премногу стар за да служи во владата, додека 37 отсто не се согласуваат.

Сепак, Бајден води во гласовите за номинација на демократите, обезбедувајќи 63 отсто од поддршката, додека Роберт Кенеди Џуниор го поддржуваат 15 отсто од гласачите од Демократската партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK