Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета.
Арсенал секогаш сакал да има континуитет со тренерите. Не е случајно што гигантот од северен Лондон имал шест тренери во својата историја кои работеле во клубот најмалку девет години во еден мандат. Последниот меѓу нив, кој е и рекордер, е Арсен Венгер, а Микел Артета тргна по неговите стапки.
Шпанецот влезе во својата седма година и планира да остане уште некое време. Бидејќи ја продолжи својата лојалност кон „топџиите“ до 2030 година.
Ако го одработи целиот договор, нема да биде блиску до Венгер, кој беше на клупата на Арсенал 22 години. Но, со помалку од 11 години стаж (дојде во декември 2019 година), тој би станал третиот тренер со најдолг стаж во историјата на Арсенал. Зад легендарниот Французин и Џорџ Алисон, кој го водеше клубот 13 години помеѓу 1934-1947 година.
Сите тие тренери кои беа на клупата на Арсенал девет или повеќе години ја освоија титулата. Тоа е она што го направи Артета, во седмата година од неговиот мандат. Тој е исто така тренерот кој најдолго чекаше на титулата, откако Арсенал му даде „грејс период“ од шест години.
Покрај Премиер лигата, Артета го освои и ФА Купот во 2020 година и три Комјунити Шилдс на клупата на Арсенал.
Foto/ arsenal fc