Синот со денови го малтретирал таткото инвалид во Италија: го заклучил во темна соба, не го пуштал да јаде

Синот-со-денови-го-малтретирал-таткото-инвалид-во-Италија-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Италијанската полиција уапси 28-годишен маж под сомнение дека го злоставувал својот татко.

Според извештаите, мажот го малтретирал таткото така што му ја забранил храната и го заклучил во темна соба, пренесува „Fanpage“.

Случајот во полиција го пријавил 55-годишен маж на 3 декември, кога успеал тајно да го земе телефонот.

Веднаш по повикот полицијата упаднала во станот. На лице место го пронашле таткото, но набрзо се појавил синот кој се обидел да даде отпор при апсењето.

Младиот човек се заклучил во собата и давал неколку минути отпор, а кога решил да ја отвори вратата се обидел да ги удри полицајците со раце и нозе. При нападот тој ги навредувал, но полицајците успеале да го уапсат и да го приведат.

Таткото, 55-годишен инвалид, изјавил на полицијата дека неколку дена бил затворен во темна просторија без храна и основни потреби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK