САД испраќаат уште еден ракетен систем Патриот во Украина

ф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Соединетите Држави ќе испратат уште еден ракетен систем „Патриот“ во Украина, изјавија двајца американски претставници, одговарајќи на повиците на Киев за поголема противвоздушна одбрана поради нападите врз североисточниот регион Харков.

Официјални лица рекоа дека американскиот претседател Џозеф Бајден го одобрил потегот и дека тоа ќе биде втор ракетен систем Патриот што САД и го дале на Украина, објави денеска АП.

Двајцата американски функционери зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи одлуката, која прв ја објави Њујорк Тајмс, не е официјално објавена. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец во Мадрид рече дека системите Патриот ќе им помогнат на украинските сили да се борат против 3.000 бомби за кои тој тврди дека Русија ги лансира во Украина секој месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK