Полицијата донесе сведоци, па го блокираше патот до куќата каде исчезна малата Данка

пол-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата го блокираше патот до куќата каде исчезна малата Данка Илиќ (2) во Бањско Поlе, откако таму беа донесени двајца сведоци.

Очевидци го покажуваат теренот додека полицијата ги снима, а патот е блокиран од полициски автомобили, пренесуваат српските медиуми.

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот на 26 март во Бањско поле кај Бор околу 13 часот и 45 минути. Оттогаш до денес се води интензивна потрага по неа, а во истрагата се вклучи и Интерпол.

Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена на кое се гледаат две Романки со девојче кое личи на Данка.

Криминалистичката служба на провинцијата Виена покрена истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка, која наводно била видена во главниот град на Австрија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK