Непалската армија на Монт Еверест собра 11 тони ѓубре, пронајде четири тела и еден скелет

mont-everest-znamenca.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Непалската армија објави дека оваа година од Монт Еверест, Нупсе и Лоца на Хималаите биле собрани 11 тони ѓубре, а биле пронајдени четири тела и еден скелет.

Извршено е годишно чистење на планинскиот венец на Хималаите, објави „The Himalayan Times“.

Во соопштението на непалската армија се наведува дека како резултат на 55-дневното чистење, од Монт Еверест, планините Нупсе и Лоце биле собрани 11 тони ѓубре, а откриени се четири тела и еден скелет.

Наведено е и дека за пет години биле извадени вкупно 119 тони ѓубре, 14 трупови и неколку скелети.

Директорот на одделот за туризам во Непал, Ракеш Гурунг, изјави за Би-Би-Си дека владата планира во иднина да одвои поголем буџет за собирање ѓубре.

Се проценува дека на Монт Еверест има повеќе од 50 тони отпад и повеќе од 200 тела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK